Отворањето на првата активна зона го означува почетокот на долгорочниот проект „Кока кола активни зони” кој ќе се реализира во повеќе општини ширум земјава, како дел од глобалната платформа за промоција на здрав и активен живот.

Преку активните зони се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со најсовремена фитнес опрема, наменети за употреба на сите граѓани.

– Партнерството за овој проект дојде природно. Затоа и токму тука го бележиме почетокот на проектот, кој за сите нас е од големо значење бидејќи е наменет и достапен за сите граѓани и затоа што промовира активен живот, изјави Тони Трајковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

Активните зони ќе бидат отворени 24 часа и достапни за користење од страна на сите категории на граѓани кои имаат ‘елба за рекреација и спортување, без никаков надомест.