“Многу е значајно што меѓународниод суд на правда во Хаг утврдил дека Србија не спроведувала геноцид во Босна и Херцеговина” – беше првата реакција на председателот на Србија, Борис Тадиќ. За него тежок дел од пресудата е оној кај се констатира дека Србија не презела се што било можно за да се спречи геноцидот на бошњачкото население во Сребреница. Затоа пред новинарите најави дека ќе побара од Собранието на Србија да усвои декларација со која ќе се осуди злосторничкиот чин во Сребреница.