Знам се, но не смеам да зборувам!
Министерот за капитални инвестиции на Србија, Велимир Илиќ, во 2001 година беше еден од главните ловци на српските пари кои во текот на владеењето на Милошевеиќ завршија на Кипар. Во изјавата за “Курир” тој потврдува дека тогаш бил шеф на тричлената државна делегација која утврдила кој се префрлал пари и со кои авиони се носени, но додава дека за тоа понатаму не смее ништо да говори.
“Точно е и можам да кажам дека со Кипраните одржавме не еден, туку повеќе состаноци. Многу знам и многу работев на тој случај, но не смеам да зборувам! Имавме се во раце, а на крајот ништо не направивме” – отворено признава Илиќ. На прашањето каде запнало и кој конкретно ги стопирал сите акции, министерот одговара:
“Од таму каде што запнало ни е кажано Кипар повеќе да не го спомнуваме и таа приказна да ја заборавиме. Нардбата стаса од највисокиот државен врв, а нам ни е речено дека работата ќе ја заврши државата на некој свој поинаков начин и дека Комисијата мора да се расформира” – тврди Илиќ. Според него, голема штета е што тогашниот државен врв стави рампа на случајот, бидејќи Кипраните сакаа да ни ја дадат целата документација, но некому тоа не му одговараше.
“Разговаравме и со човек од полицијата кој ги преземал парите.Тој лично ни нудеше копии од сите документи! Се знаеше се – кој ги дал парите и под чие име, со каков пасош, кој бил пилот… Имавме и човек кој парите директно ги преземаше од аеродром и ги носеше во банка. Тој на раце во фасцикла ни ги донесе сите фотокопии, но само бараше семејството да му се тргне шест месеци на некое безбедно место” – додава Илиќ.