Неподвижен дедо бил заведен дека наводно станал од креветот, отишол до објектот и гласал, што е скандалозно.

Се чини веројатно дека и дедото бил жртва на изборна нерегуларност и дека наместо него гласало некое друго лице кое немало право на тоа.

Со овој случај се зголемува бројот на информации за тешки нерегуларности кои се случуваа на локалните избори во неделата.

Според нашите информации и за овој случај една политичка партија поднела приговор до ДИК, останува да следиме како ќе се произнесе претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите на Комисијата.