x

Злато или сребро, сеедно: Загреб и Мостар се подготвуваат за спектакуларен дочек на ракометарите

Ракометарите на Хрватска ќе бидат дочекани како херои во својата земја без разлика на денешниот исход против Шпанија.

Според првичниот план експедицијата предводена од Лино Червар вечерва по прогласувањето ма најдобрите на Европското првенство, со чартер лет ќе пристигнат во Загреб, каде ќе ги чекаат илјадници фанови, главната прослава е закажана за во центарот на градот.

Утре пак Игор Карачиќ, Жељко Муса, Марим Мариќ и Марин Шего ќе бидат дочекани во Мостар исто како и нивните колеги од фудбалската репрезентација по завршувањето на СП.

Дуелот меѓу Шпанија и Хрватска е закажан во 16:30 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата