Репрезентацијата на Канада со победата над Финска од 4:2, по 24. пат стана светски првак во хокеј на мраз, надминувајќи го рекордот на поранешниот СССР и Русија од 23 титули. Во борбата за бронзата домаќинот на првенството, Русија беше подобар од Шведска (3:1), но тоа беше мала утеха бидејќи навивачите очекуваа да се прекине болната низа од 14 години без титула.