х х х
Данската радио-телевизија ја има честа во ноември да ја одржи централната прослава по повод златниот роденден “50 години Евровизија”. Идејата на Данската телевизија наречена “Честитки” беше избрана од ЕБУ како најиздржана од сите понудени.
х х х
Поранешниот сопруг на шведската евровизиска победничка Карола , Рунар Согард се наоѓа под полициска заштита. Тој добил смртни закани и изјавил дека стравува за својот живот.
х х х
Роберт Плант од бендот “Лед цепелин” тврди дека гледал секс-шоу во живо со ѕвездите на познатата група АББА, Бјорн и Бени и со Џими Пејџ, исто така, член на “Лед цепелин”. Тој изјави дека заедно оделе во познати секс-клубови во Стокхолм додека бендот снимал во студиото Полар во 1978 година. “Ги познавав Бени и Бјорн многу добро. Речиси секоја ноќ ја минувавме заедно. Имаше навистина добри клубови”, изјави тој. Портпаролот на АББА го негираше ова. “Тие никогаш не биле во вакви клубови со Роберт Плант”.
х х х
Ајзел Челикоз која ја претставуваше Турција во 1991 година, во едно интервју за турската ТВ тврди дека ТРТ и понудила да ја пее песната “Рими Рими Леј”, која годинава ќе ја пее Гулсерен. Наводно, ова се случило во периодот кога ТРТ била критикувана за начинот на кој го организирала националниот избор. Ајзел ја одбила понудата, изјавувајќи: “Мислам дека не би било праведно да и го преземам местото, откако победи на националниот избор”.
х х х
Вики Леандрос штотуку се разведе од Ено Фрајхер фон Руфин. По завршувањето на нивниот 19-годишен брак и двајцата одлучија да не зборуваат јавно за она што се случило. Меѓутоа, тоа не го спречи нејзиниот 78-годишен татко да изјави: “Тој ги трошеше нејзините пари колку што можеше. Кога забележа дека таа повеќе нема да му го дозволи тоа, тој побара развод. Сосема сигурно не беше вистинскиот сопруг за мојата ќерка”.
х х х
Поранешното момче на Џавин одлучи да заработи од нејзината сегашна слава и да ги продаде приказните за нивните луди забави на познатиот британски таблоид “The News of the World”. Ентон Гордон одлучи тоа да го стори во исто време со појавувањето на неговиот прв соло сингл. (Тој претходно беше член на неуспешниот бенд “One True Voice”).
х х х
Белоруската претставничка Анжелика Агурбаш, која привлекува најмногу внимание (многу очигледно заради нејзиниот финасиски статус), како и израелската претставничка Шири Макмоин, на 17 мај ги прославија своите родендени во Киев. Анжелика не открива што добила на подарок, дали некоја јахта, дијаманти или друго, но затоа нејзиниот сопруг – милионер пред новинарите откри дека “таа е неговата душа и дека е среќен што ја сретнал на брод во Киев, пред четири години”. Анжелика претходно беше мажена со две деца. Со него има едно дете.