x

„Златната кокошка“ си оди од словенечкиот клуб: Милан Мандариќ ја напушта Олимпија

Милан Мандариќ и официјално си заминува од словенечка Олимпија. Еден од најпопуларните фудбалски клубови од поранешна Југославија, остана без главниот спонзор кој во Љубљана дојде пред 5 години и се обиде да ја однесе Олимпија во европскиот фудбалски врв.

„Ова е дефинитивно“, рече претседателот на лидерот во Првата словенечка фудбалска лига.

Тој најверојатно ќе го напушти клубот и на хартија некаде пред септември, кога ќе наполни 82 години.

„Не е тајна дека Олимпија, со ретки, но многу реномирани спонзори, има единствен извор на приходи. Тоа е мојот паричник. Сегашната состојба е многу лоша и ги обесхрабрува луѓето што инвестираат во спортот. Јас сум еден од нив“, изјавил Мандариќ.

„Милан Мандариќ направи доволно за Олимпија. И јас сум горд на тоа. Јас вложив мои 18 милиони евра во клубот и создадов респектабилен клуб во Словенија и во вропа. Освоивме четири трофеи, што не е беше лесно, ни ефтино. Требаше да се потрошат многу пари, но кој се грижи за тоа. Ги намаливме трошоците во последните 6 месеци, но ќе се обидам да ги обезбедам парите за успешно да ја завршам и оваа сезона“, дополнил Мандариќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата