x

Златан изненади: Си одам од Милан, Ибра не игра во Лига на Европа

Златан Ибрахимовиќ ги изненади сите љубители на Милан со најавата дека ќе си замине од тимот, со оглед дека не сака да игра во Лигата на Европа. Исто така најави дека е можно да ја заврши кариерата.

„Ибра или освојува трофеи, или седи дома. Во Милан сум чисто од емотивни причини. Играм практично без пари“, рече Ибрахимовиќ кој на прашањето дали ќе биде дел од екипата и следната сезона, одговори:

„Да бидам искрен тешко ќе ме видите во дресот на Милан идната сезона. Ибра не игра во Лигата на Европа, а со квалитетот во моментов, Милан таму припаѓа“, рече Ибрахимовиќ кој најави дека пандемијата со коронавирусот можеби ќе ја убрза неговата одлука околу пензионирање, и не ја исклучува можноста тоа да се случи оваа година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата