Портпаролот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети преку пост на Фејсбук ја извести јавноста дека здравствената состојба на претседателот Села е стабилна и надвор од животна опасност. Тој истовремено им се заблагодари на медицинскиот персонал на Господ што Села е во добра здравствена состојба.

„ Почитувани новинари и граѓани!
Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина  да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности.
Ви благодариме за интересот и грижата!“, напиша Беџети на Фејсбук.