Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Крушево Никола Зисов преку изјава за медиумите вели дека веќе три дена сите гледаат како неспособната локална власт не може да го реши проблемот со водата во Крушево.

Во 21 век во време на светска пандемија со КОВИД-19 и во туристичко место граѓаните и угостителските објекти во Крушево се оставени без вода цели 72 часа. Властите рекоа дека овој проблем ќе биде саниран од два до три дена, но очигледно како и за се останато за нив ветувањата и роковите за нив немаат апсолутно никакво значење, вели Зисов.