x

Зидан: Со играчите сум до смрт

osefpoiwehf

За околу 24 часа се игра еден од најголемите фубдалски мечеви на планетава, популарно нареченото Ел Класико, помеѓу екипите на Барселона и Реал Мадрид. Мечот се игра на Ноу Камп и е закажан за 14:00 часот, а предмалку беше одржана официјалната прес конференција на тимот на Реал Мадрид на кој на јавноста и се обрати тренерот Зинедин Зидан.

„Знаеме што не чека, и условите се тие, за сите. Се знае дека ова е поинакво Ел Класико од сите претходни но не можеме да промениме ништо“ – изјави Зидан, а потоа на прашањето дали овој меч доаѓа во најлош или најдобар момент, тој рече.

„Нема подобра шанса да ја свртиме ситуацијата во наша корист. Сакаме да одиграме добар меч, да покажеме дека моежеме да одиграме добар меч“ – рече Зидан и додаде.

„Не сакам да изигрувам жртва. Секој меч е посебен за себе, и тоа е убавината на фудбалот. Секако дека некогаш ќе имате лоши моменти, но доброто е што во секој момент можете да ја свртите ситуацијата во своја полза. Што се однесува до самодовербата на екипата, таа доаѓа од она што ќе го направите на терен. Добрите работи на терен носат самодоверба. Како тренер секогаш сум и ќе трпам најголема критика и тоа е во ред. Јас сум секогаш со тимот, и заедно ќе направиме се за да одиграме утре добар меч“ – истакна Зидан.

Тој дефинтиивно потврди дека Серхио Рамос е подготвен за настап и дека ќе биде во стартните единаесет утре на дуелот против Барселона.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата