x

Зидан: Подрага ми е титулата во Шпанија од онаа во Лигата на шампионите

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан ги сподели емоциите после освојувањето на шампионската титула во Шпанија.

„Прекрасно е чувството. Немам зборови со кои би ги опишал моите емоции. Играчите го заслужуваат ова. Секако, јас имав своја улога, но тие го направија најглавното. Ова е фантастична екипа, а кога ги гледам дека се среќни и јас сум многу среќен. Ја освоивме титулата поради тоа што поспремни го дочекавме продолжението на шампионатот. Ова е еден од најдобрите денови во мојата кариера. Да бидам искрен посреќен сум поради овој трофеј отколку оние во Лигата на шампионите“, изјави Зидан.

Кралот Зидан – 209 натпревари на кормилото на Реал вкупно 11 трофеја!

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата