x

Зидан најави пресврт пред Бетис

zidane-jovic

Лука Јовиќ е еден од играчите кои не беше во планот на Зинедин Зидан во новата сезона. Во ремито против Реал Сосиедад не доби шанса, но се чини според последната изјава на францускиот стратег, тој би можел да остане во таборот на Реал Мадрид и да добие шанса против Бетис.

Зидан не ја исклучува можноста Реал да заигра со двајца напаѓачи.

„Двајцата можат да играат заедно. Има многу мечеви пред нас, па ќе имаме исто така многу шанси да применуваме различни системи. Секој меч, секој противник е различен. Никогаш не тврдев дека Јовиќ и Бензема не може да играат заедно. Никогаш не го реков тоа, и таква опција може да се случи“, изјави Зидан.

Дали Јовиќ ќе добие шанса ќе дознаеме вечерва (21 часот), кога Бетис е домаќин на Реал.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата