x

Зидан му се јавил на Собослаи да го убеди да дојде во Реал Мадрид

soboslai

Реал Мадрид ги направи првите чекори за трансфер на унгарскиот вундеркинд Доминик Собослаи, пишува германски „Билд“. Според онлајн изданието на популарниот германски весник, тренерот на Реал Зинедин Зидан телефонски му се јавил на младиот фудбалер на Салцбург за да го убеди да дојде во Реал Мадрид наредниот преоден рок.

Собослаи импресионира во Салцбург по заминувањето на Халанд, а многу клубови веќе го имаат забележано ова момче како потенцијално засилување. Се јавија германски и англиски клубови, а веќе и Реал ги увидел квалитетите на овој напаѓач.

Оваа сезона унгарскиот бисер постигна 17 голови во 17 натпревари за Салцбург. Во него Зидан гледа замена за Иско во офанзивниот ред.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата