x

Зидан: Бензема е најдобриот француски напаѓач на сите времиња

benzema-goal

Реал Мадрид синоќа го совлада Атлетик со 3:1, а тренерот Зинедин Зидан искажа пофални зборови за двојниот стрелец и свој сонародник Карим Бензема.

– Бензема може да се смета за најдобар напаѓач на Франција на сите времиња. Тој го докажа тоа и веќе подолго време игра за Реал. Одигра над 500 натпревари и постигнува многу. Неговата статистика зборува за себе. За мене, тој е најдобар, и ова е очигледно.

Тој стана повеќе разновиден играч, сега тој не е само „деветка“. Не мисли само на головите, затоа го сакам, рече Зидан.

Бензема е во Реал Мадрид од 2009 година. Претходно настапуваше за Олимпик Лион.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата