Албанскиот кандидат за премиер, Насер Зибери на прес-конференцијата во седиштето на партијата изјави дека тие издвоиле убедлива победа во повеќе изборни единици низ државата.

„Резултатите велат дека имаме убедлива победа во речиси сите населени места од најјужните од Ресен, Битола, Струга и Дебар, до Лојане на север. Сега чекаме официјални резултати од ДИК да се претворат во мандати, зошто мандатите ќе се утврдуваат на основа на степенот на гласање, рече кандидатот за македонски премиер, Зибери.

Зибери нагласи дека не сака да шпекулира со бројките на мандатите во моментот, со оглед дека и ДИК има проблеми околу објавување на информации. Воедно не сакаше да процени колку е прифатлива понудата на ДУИ за коалицирање кај другите партии од албанскиот блок.

„Не можам да шпекулирам каков ќе биде ставот на другите политички партии, нашиот став е јасен ние сакаме да градиме едно општество за сите, а јас сметам дека сум соодветната личност за тоа за тоа општество каде секој граѓанин ќе има еднакви можности за напредок и општество во кое секој ќе се чувствува како во своја куќа“, рече Зибери.

Додаде дека идните преговори ќе бидат водени од лидерот на партијата, Али Ахмети.

извор: Makfax