Генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејди преку објава на својот профил на Фејсбук, предложи пратениците на коалицијата „Сега е време“ да ја бојкотираат работата на Собранието.

„Ако во наредните денови работите не се променат во корист на Албанците, јас ќе им предложам на раководствата и претседателите на коалицијата „Сега е време“ да ја бојкотираат работата на Собранието на Република Северна Македонија и со тоа да им стават до знаење на сите внатре и надвор од земјата дека не може да се поигрува албанското политичко достоинство “, напиша Реџепи.

Реџепи сака да се бојкотира Собранието, за како што вели тој, да му се каже „стоп“ на кражбите и измамите од страна на Демократската унија за интеграција.
„Тие го измамија народот (уште еднаш по седми пат) дека нивна единствена цел и црвена линија е албанскиот премиер. И покрај јавната убеденост дека ова е уште една измама, коалицијата „Сега е време“ јавно вети дека доколку го реализираат премиерот Албанец, ќе гласа за него без никакви услови. Но, сега дури и најскептичните Албанци се убедени дека ВИСТИНСКАТА ЦРВЕНА ЛИНИЈА НА ДУИ е зачувување на тесните интереси на неколку луѓе заробени од државниот систем.
КОНЕЧНО… !!! ”, напиша Реџепи.

Оваа негова изјава доаѓа непосредно пред состанокот меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, каде се очекува да биде објавен договорот за коалиција.

Извор:ТВ21