x

Зенит со порака до Наполи: Азмун чини 25 милиони евра

Напаѓачот на руски Зенит и на иранската фудбалска репрезентација, Сердар Азмун, може да ја продолжи својата кариера во Серија А во Италија. Дел од руските медиуми попладнево информираа дека Наполи подолго време е заинтересиран за 25-годишниот ирански фудбалер и ова лето има намера да испрати конкретна понуда до Зенит.

Наводно, италијанскиот клуб веќе ги контактирал претставниците на Зенит за да разговараат за деталите за можниот договор. Од Санкт Петербург веднаш испратиле цена за Азмун која не е помала од 25 милиони евра.

Азмун дојде во Зенит на почетокот на 2019 година од Рубин Казан. Претходно, иранскиот напаѓач играше за Ростов, а од 2014 година е дел и од иранската репрезентација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата