x

Зенит за Ловрен нуди 10 милиони евра, Ливерпул бара 16,5!

Не е тајна дека рускиот Зенит и тоа како има намера да го ангажира Дејан Ловрен, стоперот на Ливерпул. Факт е дека Хрватот не е прва опција на Јирген Клоп за стартните единаесет кај “редси“, но исто така повеќе од сигурно е дека тие нема така лесно да се откажат од добриот дефанзивец. Инаку Зенит испратил понуда во вредност од 10 милиони евра за Ловрен, додека Ливерпул бара најмалку 16,5 милиони. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во следниот период, инаку нема да биде изненадување ако “редси“ потпишат нов, односно го продолжат постоечкиот договор со Хрватот само цената да биде поголема.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата