Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 6.54 часот, во Грција, стои на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмички центар.

Епицентарот на земјтресот е регистриран на 200 километри јужно од главниот град Атина, на длабочина од 10 километри под земјината кора.

Четириесет минути претходно се случи земјотрес во Јонското Море, на длабочина од девет километри.

извор: Makfax