Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди денеска источниот дел на Турција.

Засега нема извештаи за жртви.

Некои жители на овој регион на страниците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар напишаа дека темелите на нивните домови силно се занишале. Други напишаа дека делови од нивните куќи се оштетени, пренесува хрватски „Индекс“.

Земјотресот се случил во 18:55 часот, а епицентарот бил на 11 километри североисточно од Догањол.

 

извор: Makfax