Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Европскиот медитерански сеизмолошки центар ја погоди Далмација во 12:59 часот.

Епицентарот бил на 12 километри од Грачац, близу Бенковац.

Потресот бил почувствуван низ Далмација, а според очевидци бил почувствуван и во Босна и Херцеговина, поточно во Приедор, Мостар, Бихаќ и Дрвар.

извор: Makfax