Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во областа Невесиње, Босна и Хердцеговина.

Епицентарот бил на 12 километри јужно од Невесиње на длабочина од десет километри.

Во текот на ноември и декември оваа година, Источна Херцеговина беше погодена од неколку земјотреси. Некои предизвикаа штета, но за среќа немаше повредени лица.

извор: Makfax