Земјотрес со јачина од 4,2 степени според рихтеровата скала го стресе грчкиот остров Закинтос во Јонското море, соопшти атинскиот Национален институт за геодинамика.

Потресот е регистриран еден часот по полноќ.

Како што пренесе грчката новинска агенција „АНА“, засега нема извештаи за евентуални штети или повредени.

извор: Makfax