Спортска сала. Гледачи: 1.000. Судии: Сантос (Гибралтар), Вилијамс (Англија) и Булто (Шпанија). Резултат по четвртини: 18:26, 27:14, 32:26, 31:24. Португалија: Минхава 23, Мота, Коста, Кунха 8, Џордао 15, Да Силва 2, Андраде 21, Кохло, Симао 8, Евора 8, Миранда 11, Сантос 12. Македонија: В.Стефанов 12, Стојановски, Соколов, Симиќ, Чековски 11, Тасовски 6, Гечевски 18, Ѓуровски, Стак 24, Ѓуров, Димитровски 19. Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во првиот квалификациски настап за ЕП 2007, група “Б” , во Транкосо против домаќинот Португалија – 108:98. Малку кој можеше да претпостави дека избраниците на Давитков ќе играат толку слабо, неинвентивно под двата коша, посебно ако се знае дека во претходните четири официјални средби со Португалците забележавме уште толку победи. По почетните 2:0 за Португалија, Македонците ја презедоа иницијативата и благодарение на Стак и Димитровски во третата минута имавме водство од 11:2. Во 16. минута ја имавме и најголемата предност во оваа четвртина од 18:6. Се чинеше дека Македонците лесно ќе стигнат до целта. Меѓутоа, како одминуваше времето, видлив беше падот во играта на нашите кошаркари, посебно што високите Гечевски и Стак брзо заработија по три лични грешки и селекторот Давитков мораше да експериментира. Во 12. минута имавме водство од 29:20 и од тој момент почна да тоне бродот на нашата селекција. Домаќините преку расположените Андраде, Минхава и Џордао почнаа да го полнат нашиот кош и во 17. минута го видовме првото и единствено изедначување на резултатот. (59:59) Како одминуваше времето, домаќините беа многу поактивни во одбраната и нападот, брзо ги завршуваа нападите и на крајот забележаа убедлива победа. Ако домаќинот за тројка имаше реализација 27:14, нашите кошаркари беа многу послаби на тој план (22:7). Тука, како и во скоковите (домаќинот собра 26, а ние 21 топка), Португалците беа подобри за што на крајот зборува и позитивата од 18 кошеви. Утре, во салата во Градскиот парк (20 ч.) Македонија ќе го игра вториот натпревар во групата, според рејтингот (24. место) најсилниот противник Израел.