Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди завчеравечер северозападна Кина, при што уништи 20.000 куќи и повреди најмалку 12 лица, јави вчера агенцијата Ксинхуа. Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри од Баошан, гратче во провинцијата Јунан, во близина на границата со Бурма. Според последните информации во земјотресот има и околу десетина загинати. (МАКФАКС)