Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер попладнево ги погоди Гостивар, Тетово и околината.

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 12 часот и 57 минути од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар на 60 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци земјотресот бил почувствуван од населението во Гостивар, Кичево, Маврово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

извор: Makfax