Неодамнешниот извештај на Обединетите нации – Храна и Земјоделство (УНФАО) исфрли загрижувачки податок, според кој во земјава има над 10.000 тони отровен отпад што ја вбројува Македонија на трето место во светски рамки. Зад нас се само Украина и Полска со 19.000, односно 15.000 тони отровен отпад. Експертите во земјава, пак, велат дека не може прецизно да се определи количеството на опасен отпад, затоа што не постојат информации за сите видови опасен отпад, посебно за радиоактивниот. Според нив, особено загриж ува што медицинскиот отпад, независно од неговиот опасен карактер, се депонира заедно со комуналниот и на регуларните и на дивите депонии. Директорката на Службата за животна средина, Пандора Никушева вели дека единствено скопските здравствени установи го складираат медицинскиот отпад во жолти вреќи и го носат на санитарната депонија “Дрисла”. – На “Дрисла” постои инсцелератор добиен како британска помош пред повеќ е години и чиј капацитет не е доволен да ги покрие потребите на државава. Поради скапиот транспорт, медицинските центри во внатрешноста, отпадот, независно од неговиот опасен карактер, го складираат на градските депонии заедно со останатиот отпад”, вели Нику- шева. Според неа, количеството на опасен отпад во земјава не е многу големо, особено ако станува збор за радиоактивниот кој се јавува во некои медицински апарати и при замената на старите громобрани со нови. Особено загрижува техногениот отпад што се добива при технолошкиот процес на работење на рудниците во земјава. Материите што повеќе од 50 години се складираат на рудничките депонии на: Бучим, Тораница, Злетово, Југохром, или топилницата во Велес, според Никуш ева, се опасни за здравјето. Некои од овие депонии веќе се расчистуваат, како што е онаа во Југохром, јаловината во Злетово и велешката топилница. За опасниот отпад, треба да се изнајдат на- чини за негово складирање, вели Никушева, а какво ќе биде решението, зависи од предлогот што треба да го дадат странските експерти. Како и да е, отровниот отпад има импликации врз здравјето на луѓето. Експертите посочуваат на примери кога опасните отпади предизвикувале проблеми кај населението во чија близина биле депонирани. Посебно се јавуваат при раѓање, предизвикуваат белодробни заболувања и појавата на карцином, а особено е погодена најмладата популација. Според проценките на ОН, потребни се 3.500 долари за да се исчисти еден тон отровни пестициди, додека за целосна деконтаминација на Македонија од отровен отпад ќе бидат потребни околу 35 милиони долари.


СВЕТЛАНА БЛАЖЕВСКА