Украинските трупи ќе почнат со повлекување на оружјето и на друга локација на истокот во Украина следната недела, ако се одржи прекинот на огнот, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Првиот човек на алијансата ја потврди поддршката во борбата на Украина против проруските сили, кои ја поддржуваат Русија на исток, пренесе АП.

Столтенберг вчера стигна во украинското пристаниште Одеса, каде посети четири пловила на НАТО, кои се укотвени за време на нивните црноморски патроли.

Посетата на Столтенберг следи само неколку дена откако украинските и проруските сили почнаа да го повлекуваат вооружување од линијата на фронтот на исток.

извор: Makfax