Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ ја јакне позицијата на Русија и ја слабее Европа, рече украинскиот претседател Владимир Зеленски на брифингот на крајот на седницата на комисијата Украина-НАТО, пренесува „Спутник“.

„Тоа не е само прашање за изградбата на „Северен тек 2“. Тоа не е прашање на енергетската безбедност, туку е геополитичко прашање. Тоа ја јакне Русија и ја ослабува Европа. Тоа е моето мислење и мислењето на нашата влада,“ рече Зеленски коментирајќи го издавањето дозвола од страна на Данска за изградба на гасоводот во своите територијални води.

Зеленски додаде дека бил подготвен за таков развој на настаните.

„Кога се би зависело само од мене, Данска не би го одобрила тоа“, рече тој.

извор: Makfax