Ќе биде ставен во функција наредниот месец кога се очекува да заврши и техничката обука на докторот – радиолог, кој ќе работи на дијагностика на болести на дојката.

Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој ја посети Здравствената станица во Македонска Каменица.

– Македонска Каменица досега воопшто немаше мамограф, па жените беа упатувани на прегледи во околните општини, а со новиот мамограф тие оваа здравствена услуга ќе ја добиваат во своето место на живеење, ќе добиваат рана детекција на малигни заболувања на дојката, рече Тодоров.

Тој посочи дека вредноста на мамографот е околу седум милиони денари, средства кои се обебзедени од Минитерството за здравство и општина Македонска Каменица, а е во рамки на набавката на 5 дигитални мамографи за повеќе установи низ државата во вкупна вредност од 38 милиони денари.

– Со набавката на нови мамографи овозможуваме доближување на оваа значјан дијагностика поблиску до пациентките, зголемување на бројот на термини за мамографија, Ехо на дојка, мамографски скрининг, а со тоа и сериозно намалување на времето на чекање за добивање на оваа здравствена услуга. Станува збор за дигитален мамограф кој во споредба со новите аналогни мамографи овозможуваат подобра и попрецизна дијагностика, а имаат можност за компјутерска детекција на промените на дојката што претставува еден вид второ мислење и дополнително ја потврдуваат точноста на мамографот, истакна Тодоров.

Нагласи дека ова е уште еден пример дека Владата и Министерството покажуваат грижа за секој еден град да добие подобро здравство.

– Со набавка на нова опрема, градење на здравствената инфраструктура, обука на кадар, намерата ни е секогаш да се добие нешто што немало доттогаш, или да се прошират услугите и да се подобрат услугите. Тоа е начинот на кој работевме изминатиов период во секој град, да се унапреди здравството, рече Тодоров.

Инаку, на средбата со градоначалникот на Македонска Каменица Дарко Митевски, беше договорена и набавка на нов современ рентген апарат по истиот принцип, половина од средствата да се обезбедат од Министерството, а останатиот дел од општината.

– Огромно е задоволство што Министерството за здравство посветува големо внимание и на оваа наша мала општина. Со ова покажуваме дека Македонска Каменица е високо на агендата на Министерството за здравство. Со денешниот договор за заедничката набавка и на рентген апаратот во висина од 6 милиони денари покажуваме дека ние работиме со Владата и заедно да создадеме подобри услов за нашите граѓани, рече Митевски.

Додаде дека деновиве на Советот на општина Македонска Каменица е донесена Одлука за набавка на теренско возило за потребите на Итната медицинска служба и по завршувањето на тендерската постапка за два месеци ќе биде завршена и оваа набавка