Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ, го подарил станот во кој израснал во сараевската населба Грбавица, на својот пријател кој е воен инвалид.

Здравко Чолиќ живееше во Сараево сè до почетокот на 90-тите години, кога избувна војната во БиХ, по што со семејството се пресели во Белград. Како што велат жители на Сараево, кога завршила војната, Здравко одлучил својот стан да му го подари на пријател од Високо, кој останал без својот имот и станал инвалид поради повредите здобиени во борбите.

Како што велат сарајлиите, тоа било гест за кој зборувала цела чаршија, а повеќето од нив и денес се сеќаваат на тоа. Тие раскажуваат дека освен станот, пејачот во Босна, поседувал и викендица, а ја подарил на семејство од Фоча, кое во војната останало без покрив над глава.

– Материјално, сакам да купам стан во Сараево заради почестите посети на мојот град. Јас не сум личност која штеди пари. За време на сите овие години, живеев удобно, не премногу луксузно и имав нормални работи. Сега кога доаѓам во мојот град, морам да одам во хотел. Затоа е моја голема желба да имам стан во родниот град и мислам дека ќе направам да се случи наскоро – рече тој во 2007 година. Шест години подоцна, Здравко ја оствари својата желба.

Имотот има 86 квадратни метри, се наоѓа наспроти Паркот на светлината, Чола даде вкупно 172,000 евра за станот. ПР-службата рече дека нема да коментира за ваквите информации.