Здравко од “Арија” доби ќерка
Здравко од “Арија” пред десетина дена по втор пат стана татко. Неговата мала принцеза се вика Милена и, како што ни кажа, за разлика од синот Васил, кој името го доби по својот дедо, се вика така затоа што едноставно им се допаѓало името. Бебето и неговата сопруга се чувствуваат добро и веќе полека семејството ги има поделено обврските околу чувањето. А најсреќен е малиот Васил, кој има 2,5 години и е задолжен за нишкањето и гушкањето на својата сестричка, која, како што ни кажа тато Здравко, е убава на мама. Освен со обврските околу менувањето пелени и “ноќните дежурства” Здравко, заедно со останатите членови на бендот, деновиве е зафатен и со последните подготовки околу промоцијата на новиот спот за песната “Лоша навика”. Текстот на песната, што ја пеат тој и Орце и е поразлична и во рок стил, е на Весна Малинова, додека музиката и аранжманот се нивни. За изработката на спотот, пак, што всушност е интересна љубовна приказна, се погрижиле момци од ФДУ. Гледачите истиот, веројатно, ќе имаат можност да го видат за една недела до кога и треба да се одржи промоцијата. (А.Т.)