x

Здравко Мамиќ ги трие рацете: Сега и од Локомотива ќе доаѓаат евра од фудбалска Европа!

zdravko-mamic

 

Колку Динамо Загреб е пред Хајдук, Ријека, Осијек и останатите клубови во Хрватска, доказ е и пласманот на Локомотива Загреб во квалификациите во Лигата на Шампионите. Имено таа Локомотива е само филијала на Динамо, и таа филијала синоќа избори пласман во квалификациите во ЛШ. Каков ли само успех е тоа за Здравко Мамиќ, големиот газда на Динамо Загреб. Клуб кој во последните 15-20 години е апсолутно најголемиот на Балканот, клуб кој покажа како треба да се работи европски. И кога се работи така тогаш заработувачката е голема, огромна, се мери со милиони евра.

И кога се работи како треба тогаш твојата филијала ќе биде пред едни Хајдук, Ријека, Динамо…

Кога сме кај Локомотива, овој клуб ако се пласира во 2.коло во квалификациите во ЛШ ќе заработи 380.000 евра, за третата рунда премијата е 480.000 евра, додека за пласман во плеј – офот наградата 3 милиони евра и најмалку пласман во групната фаза во Лигата на Европа. Додека за евентуален пласман во групната фаза во ЛШ, Мамиќ ќе инкасира најмалку 15 милиони евра. Тука не ги сметаме парите кои ќе ги заработи Динамо Загреб.

Кога сме кај Локомотива, да кажеме дека за првпат во историјата во квалификациите во ЛШ, од еден град, од Загреб, ќе играат две екипи од овие балкански простори.

Колку и да го мразат, да не го почитуваат, да кажуваат дека е ваков, дека е таков, сепак на Здравко Мамиќ мора да му се каже – БРАВО.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата