Ова е една од повеќето згради кои ја формираат населба Пролет, изградена во 1948 година, како прва станбена населба по Втората светска војна.

Зградата наскоро ќе добие нов изглед, енергетски ефикасна фасада, ќе биде задржан автентичниот изглед, а боите ќе бидат избрани во договор со станарите.

Објектите во оваа населба се проектирани од архитект Михо Чакеља, кој е е автор и на објектот на Ибни Пајко.

Општина Центар најавува реконструкција на фасада на уште една зграда во населбата Пролет.