Цените на глобалниот пазар на обврзници никогаш не биле повисоки, а со тоа и приносите пониски, што е, според мислењето на на аналитичарите, порака на пазарот како поттикот на централните банки не успеа да ја оствари целта.

Минатата недела приносите на 10-годишната германска обврзница (Бунд) и на 30-годишната швајцарска обврзница првпат во историјата се во негатива. Со други зборови, инвеститорите се подготвени да им платат на Германија и на Швајцарија да им позајмат пари и тоа на рок од три децении. Во петокот приносот на Бунд се подигна на 0,015 отсто.

Трендот на падот на приносот ја следи и американската државна обврзница, па приносот на таа должничка хартија од вредност се спушти на 1,51 проценти. Тоа е прилично блиску на рекордно нискиот принос од 1,39 отсто постигнат во 2012 година.

Зад падот на приносите се кријат централните банки чија политика на вбризгување енормни количини пари на финансискиот пазар не успеа да го подигне економскиот раст и инфлацијата, вели за Си-ен-би-си Џорџ Гонклејвс, аналитичат на јапонската банка Номура.

-Можебитие политики не се ефикасни. Овие момци не можат да генерираат раст и да ѝ помогнат на светската економија. Мораме да купуваме обвзници, вели тој во разговор за амерканскиот медиум. Покрај британскиот референдум за членството во ЕУ странските аналитичари нагласуваат дека потезите на централните банки сами по себе станаа фактор на страв.