Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Како што информираат од АМСМ, на граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

извор: Makfax