Се поголем е бројот на вработени во светот кои работата од дома во рамки на мерките за забавување на ширењето на коронавирусот, што ја зголеми потрошувачката на лаптопи, периферна мрежна опрема и компоненти како чипови, бидејќи компаниите забрзано почнаа да прават виртуелни канцеларии.

Голем број фабрики ги повлекоа прогнозите за своите заработки поради епидемијата која им ги загрози активностите, очекувајќи пад на побарувачката на потрошувачите како и економски колапс, за разлика од произведувачите на електронски уреди и чипови, кои ќе профитираат од пресвртот во кулурата на работа, пишува Ројтерс.

Многу влади и компании во светот им препорачаа на луѓето да останат дома за да се заштитат од вирусот. Јужна Кореја, земјата на најголемиот светски произведувач на мемориски чипови, „Сансунг електроникс“, соопшти дека во речиси ист период забележала скок од 20 проценти на извозот на полупроводници.

„Со оглед на тоа што се повеќе луѓе работат од дома за време на епидемијата, се поголема е потрошувачката за интернет услугите, што значи дека на Дата центрите им се потребни дополнителни канали за сообраќај“ рекол аналитичар од компанијата „ЦАПЕ Инвестмент енд Сецјурити“, Парк Сунг-сун.

извор: Makfax