На 81-годишна возраст почина американскиот гитарист Дик Дејл, најпознат по инструменталката „Misirlou“, што Квентин Тарантино ја смести во својот култен филм „Евтини приказни“.

Дејл е познат по основањето на така наречен сурф-рок. Тој музички правец настана во почеткот на 60-те на минатиот век и инспирираше голем број гитаристи.

Музичарот починал во саботата навечер, а неговата кариера траеше повеќе од пет десетлетија.