Трендот на користење на познати звучни имиња од шоу бизнисот од големите компании во маргетиншки цели зема се поголем замав. Една од најдобро платените ѕвезди кои “солени” хонорари за промовирање на производите на компаниите со кои имаат потпишано договор е и атрактивната пејачка од Нови Сад, Наташа Беквалац. Таа деновиве во Скопје го промовираше најновиот производ од фамилијата “Мобил” (5w 30) кој беше прогласен за производ на годината. Како нивно заштитно лице за југоисточна Европа, Наташа се фотографираше за календарот на фирмата за моторни масла “Мобил 1” кои откако ја зедоа српската Памела во своето јато го зголемија профитот и стасаа да цифрата од 24, 5 милиони долари за годинава. Колку пари Наташа заработува од договорот со оваа реномирана фирма не знаеме, но нејзините пријатели велат дека откако го потпишала договорот, насмевката од нејзиното лице не може да се тргне.