x

Зверев направи 14 дупли грешки, загуби и полуде (ВИДЕО)

Германскиот тенисер, Александар Зверев претрпе пораз од Алекс де Минор на стартот на АТП купот, а самиот тој беше виновен за поразот од 6:4, 6:7 (3:7), 2:6.

Зверев имаше предност од 1:0 во сетови, но следуваше серија грешки или вкупно 14 дупли грешки, а откако го загуби и тај-брејкот во вториот сет, во третиот комплетно се изгуби.

Германецот мораше некако да го изфрли бесот, а тоа го стори на својот рекет, кој буквално го искрши од мавање.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата