Драган Бјелогрлиќ со покојниот Марко Николиќ повеќепати соработувал од самиот почеток на својата кариера, па се до последниот проект – серијата “Сенки над Балканот”, “Жигосани во рекетот”. За својот “татко глумец” пишува со тага и силни емоции.

– Во филмот “Бошко Буха” Марко Николиќ играше наш командант, кој сите го викавме “чале”. Во “Подобар живот” играше наш татко, легендарниот Гиго. Кога го снимавме “Сенки”, зборувавме долго како односот Бобе и Гиге беше нешто најдобро што тој и јас направивме во свовоите глумечки креации. Кога и да се сретневме, ќе ме удреше полека по тилот, како Гига и Боба – напишал глумецот, и додава:

– Беше мој татко глумец. Беше добар, топол човек, убаво пеење, свиреше гитара, повеќе сакаше да збрува за ловење риби отколку за глума, ги сакаше жените и жените него го сакаа. Во сите мои родителски проекти оствари убави улоги. Замина рано. Можевме уште малку да се подружиме и да работиме. Многу ќе ми недостасува. Збогум Гиго мој.