Чиа семките станаа чест гостин во нашите чинии и смутија, добро сме запознаени со нивните придобивки, па затоа сега ги вметнуваме и во зимницата.

Суперхраната која е богата со омега-3 масни киселини, протеини и влакна сега може да ја консумирате во супер слатко издание.

Потребни состојки за овој брз џем:

2 шолји исечкано овошје по желба
1-2 лажици сок од лимон
1-2 лажици мед или јаворов сируп
2 лажици чиа семки, или повеќе по желба
Подготовка:

Исчистете го и исечкајте го ситно овошјето кое го одбравте. Варете го во сад додека не добиете кашеста смеса. Додадете го медот и сокот од лимонот.

На крај додадете ги чиа семките и продолжете да варите уште 5 минути. Почекајте смесата малку да се згусне, па префрлете ја во тегличка.

Чиа џемот може да го консумирате на парче леб, со колачиња, во мусли или овесна каша, како и да го додадете во павлака и да направите овошен јогурт.