Медведев се наоѓа во посета на Казахстан, каде ќе учествува на состанок на Советот на влади на земјите-членки на СЦО.

Русија, Белорусија и Казахстан на крајот на мај го потпишаа договорот за основање на Евроазиска економска унија чија цел е да јакнење на интеграцијата на овие три поранешни советски републики.
Овие три земји веќе се поврзани со Царинската унија од 2010 година.

Ерменија и Киргизија, уште две поранешни советски републики подоцна најавија дека ќе се приклучат кон оваа економска унија до крајот на годината.

„Денеска заедно ќе формираме моќен и примамлив центар за економски развој, значаен регионален пазар кој ќе соедини 170милиони луѓе”, изјави Путин после потпишувањето и истакна дека овие три земји имаат „огромни природни ресурси” и дека држат петина од светските ресурси на гас и скоро 15 одсто нафтени ресурси.