x

За 100 милиони долари: Хабиб се враќа октагонот!?

habib-i-rusija

Иако веќе извесен период е во заслужена пензија, Хабиб Нурмагомедов би можел да се врати одново во октагонот, и тоа поради многу, многу пари. Се шпекулира дека раководството на УФЦ, односно шефот Дана Вајт, има намера да му понуди на Дагестанецот 100 милиони долари, само за да Хабиб ја продолжи својата кариера. Да продолжи таму каде што застана, а застана на скор од 29 меча и исто толку победи.

А, еве што за тоа говори самиот Нурмагомедов…

Веројатно Дана Вајт ќе понуди пари. Е, сега ако понуди 100 милиони долари, тешко ќе биде да се донесе одлука. Ќе видиме прво како тој размислува“ истакна Хабиб и потврди дека до крајот на оваа 2020 година тој би требало да има состанок со споменатиот Дана Вајт, кој е прв човек на УФЦ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата