x

За 10 години од аматери до Супер лигата на Турција!

karagumruk1

Фатих Караѓумрук успеа да се пласира во најсилната турска лига откако во финалето на плеј-офот го елиминира Адана Демирспор со 6:5 на пенали. Така клубот од областа Фатих во Истанбул избори место во Супер лигата по пауза од 36 години.

Во 2010 година Караѓумрук играа во аматерските лиги, што значи дека за една деценија од дното стигна до елитата. Дури и претседателот Реџеп Таип Ердгоган им честиташе на големиот успех на овој клуб.

Честитки до шампионот Хатајспорт, Ерзумспор и Фатих Караѓумрук кои успеаа да стигнат со Супер лигата после долга и напорна сезона“.

Фатих Караѓумрукспорт како што е целото име на клубот е формиран во 1926 година, а се приклучил на лигата во 1933. Клубот играл во Суперлигата меѓу 1959 и 1963 и во сезоната 1983/84.

Во 2010 година клубот падна во регионалната (аматерска) лига и таму играше две сезони, по што почна нивниот подем. Две сезони во четвртата лига, па пет сезони во третата лига. Во 2019 влегоа во Втората лига и веднаш изборија место во најсилната турска лига.

Така идната сезона ќе гледаме уште едно жестоко дерби. Најлут ривал на Караѓумрук е Касимпаша. Нивните дуели често се со инциденти како на теренот така и на трибините.

Fatihkaragumruk.png

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата