Министерството за здравство и другите владини органи прават анализи за тоа дали за првомајските празници полицискиот час да почне да важи од четврток, 30 мај, во 19 часот, па да трае сѐ до понеделник во 5 часот наутро.

„Тоа најмногу ќе зависи од граѓаните, од почитувањето на новите мерки за задолжително носење заштитни маски. Ние веќе од утре ќе предложиме санкционирање на сите оние што не носат заштитни маски“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.