ИМОЛА, 23 АПРИЛ (РОЈТЕРС).- Претставниците на Ферари го известиле Шумахер дека може да разговара за продолжување на договорот кога тој ќе посака. Седумкратниот светски шампион, чиј договор истекува на крајот на наредната година, изјави дека неформално разговарал со босот на Ферари, Жан Тод, за неговата иднина и додаде дека не е изложен на притисок да донесе одлука. “Водевме приватни разговори со Тод. Одлуката за тоа кога и на колку време ќе сакам да го продолжам договорот ми е препуштена мене. Ова е најдобра можна состојба. Вратата ми е отворена и мојата одлука ќе биде поддржана од тимот”, изјави Шумахер пред Гран-при трката во Имола. Италијанскиот весник “Газета дело спорт” претходно го цитираше Шумахер, кој изјави дека Шпанецот Фернандо Алонсо би бил негов достоен наследник во болидот на Ферари. “Покрај Алонсо, Раиконен, Фелипе Маса и Марк Вебер се извонредни возачи”, додаде тој.