Јордан Мијалков, синот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков утрово бил на распит во полициска станица, за случувањата на „Крвавиот четврток”, односно при упадот во Собранието на Република Македонија. Од повеќе видео снимки објавени во медиумите беше забележано дека и Јордан бил дел од толпата која влезе на 27 април.

Тој бил повикан по наредба на јавен обвинител од одделението за организиран криминал откако минатиот пат не дојде во полиција поради тоа што наводно се наоѓал во странство иако беше поканет на распит.

Мијалков се задржал во полициска станица околу еден час. Тој бил единствен присутен утрово кој бил испрашуван за настаните од 27 април.